Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен: Франција ќе го напушти еврото, ама парите ќе останат

Ле Пен: Франција ќе го напушти еврото, ама парите ќе останат

Француската политичарка Мари Ле Пен која е сериозен кандидат за нов претседател продолжува со анти ЕУ реториката и ја убедува јавноста дека Франција може да го напушти еврото како национална валута без да претрпе штети во финансискиот сектор.

- Ако Франција го напушти еврото не значи дека и банките ќе ја напуштат Франција. Постои голема ликвидност и нема причина банките да ги „подигнат чиповите“ во период кога Франција ќе се врати на патеките на економски раст, убедува Ле Пен во интервју за радиото „Суд“.

Предлогот на Ле Пен е Франција да одржи референдум на кој граѓаните сами ќе се изјаснат дали сакаат да остане еврото или да се врати франкот како национална валута со што земјата ќе има поголема контрола врз монетарната политика.

Слично

Поврзани вести