Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП:Пензионерите да плаќаат пониски сметки за вода и смет

ЛДП:Пензионерите да плаќаат пониски сметки за вода и смет
Советниците од Либерално демократската партија следната недела до Градскиот Совет ќе поднесет иницијатива за намалување на сметките за вода и комунален смет за пенизонерите. Тие предлагаат Градот Скопје да им додели субвенции на  ЈП  ,,Водовод,, Скопје и ЈП ,, Комунална хигиена, и на тој начин да се овозможи пензионерите да плаќаат 50 отсто помали сметки за потрошена вода до 15 метри кубни по едно семејство и исто толку и за комунален смет. "Градот Скопје во повеќе наврати усвојуваше одлуки, со кои им се овозможува во одредени денови користење на бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај во автобусите - возилата на ЈСП ,, Скопје,, - Скопје, за сите пензионери.Советничката група на ЛДП, досега ја подржуваше ваквата практика, како и субвенциите од страна на градот Скопје што им се исплаќаат на ЈСП  ,, Скопје,, - Скопје, како надоместок за користењење на овој бесплатен превоз. Со ваквите мерки ќе се ублажи драстичното намалување на стандардот на возрасните лица и сметаме дека Градот Скопје треба да даде соодвтен придонес за убалажување на нарушување стандардот на оваа категорија на возрасни граѓани, што имаат помали приходи од просечната пензија", стои во иницијативата на советниците на ЛДП. Тие сметаат дека субвенциите за овие две градски претпријатија треба да се предвидат во новиот буџет на Град Скопје за 2013 година. Од Секторот за комунални работи на Град Скоје, објаснуваат дека социјално загорозените категории веќе имаат делумни олеснување во плаќањето на сметките з апотрошена вода и комунален смет. " ЈП ,,Водовод и канализација,, има донесено Одлука од 8.10.2002. за ослободување од плаќање на вода, до 10 м3 месечно по семејство, на сите корисници што ќе достават потврда издадена од надлежен орган дека се корисници на постојаната парична помош. Исто така и ЈП ,, Комунална хигиена ,, има донесено Одлука од 21.11.2002. за ослободување од плаќање на смет на корисници кои примаат постојана парична помош. Оттука јасно произлегува дека Градот Скопје, преку своите јавни претпријатиа, веќе подолг временски период се грижи за финансиски најзагрозените граѓани ( без разлика на нивната возраст) и тоа барем делумно допринесува истите да можат полесно да се справат со финансиските проблеми", се вели во мислењето од Секторот за комунални работи. Според градскиот сектор за комунални работи, наведените критериуми во иницијативата на ЛДП, кои се поставуваат како услов за намалување на сметките, се дискутабилни, бидејќи имало семејства или поединци, кои иако примаат минимална пензија, располагат со недвижен или подвижен имот, и не може да спаѓаат во социјално загрозена категорија. Дали предлогот на ЛДП ќе биде прифатен, ќе зависи од гласањето на градските советниците на седницата закажана за следната недела.      
Слично

Поврзани вести