Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП:Време е народот да ги земе работите во свои раце, на улица!

ЛДП:Време е народот да ги земе работите во свои раце, на улица!

Либерално-демократската партија ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестите организирани од група граѓани, револтирани од скандалозната одлука на претседателот Ѓорге Иванов.

Со оваа одлука, Иванов застана на страна на политичарите криминалци и буквално им плукна во лице на сите граѓани кои што сакаат да живеат во правна држава, велат од ЛДП.

„Сметаме дека помина времето за политички коректна борба, борба во институциите на системот и време е народот да ги земе работите во свои раце. На улица! ЛДП со цел свој капацитет ќе се приклучи на протестите и воедно за апелираме мирно и достоинствено однесување на истите. Овие протести се поголеми од целата опозиција и граѓанскиот сектор заедно. Ова е последната битка на граѓаните против оваа ненародна, анти-државна власт која ги зема под контрола буквално сите институции. Ова е битка за нашите деца и децата на нашите деца“ - додаваат од ЛДП.

"Кога власта е неправична, граѓанинот не само што има право да не ја послуша, туку тоа е негова должност" напишал Томас Џеферсон“,  се вели во партиската реакција.

Слично

Поврзани вести