Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Владата нерационално троши пари

ЛДП: Владата нерационално троши пари
За десет дена владата потрошила  1,5 милиони евра на зданијата од проектот „Скопје 2014“ велат од ЛДП. - За илустрација, веќе на 26 декември оваа Влада од новиот буџет оддели нови 1,2 милиони евра за непредвидени трошоци за стариот театар. Истото го прави секојдневно, измислувајќи  непредвидени трошоци  од над 1,5 милиони евра, кои не влегуваат во 14-те  милиони предвидени да   се одвојат за нови споменици во општина Центар. Сето ова брзање на Владата е со цел што повеќе да се  задолжи пред да се распишат изборите - се вели во соопштението на ЛДП. - ЛДП бара од министерот Ставрески, кој одамна докажа дека со бројките место на ‘ТИ’ е на ‘ВИЕ’, да престане народот да го користи како жирант на лошата  политика на владата затоа што не само  што е погубна за сегашноста, туку  е и премногу опасна за иднината, велат од ЛДП.
Слично

Поврзани вести