Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП:Создадени се услови за продолжување на преговорите со посредство на меѓународната заедница

ЛДП:Создадени се услови за продолжување на преговорите со посредство на меѓународната заедница

Од Либерално-демократската партија сметаат дека со целосното повлекување на аболицијата се создадени првични услови за продолжување на преговорите со посредство на меѓународната заедница.

Овие преговори мора да бидат транспарентни и во нив да учествува граѓанскиот сектор и останатите политички чинители, наведуваат во партиското соопштение.

„ЛДП ги поддржува барањата на граѓанските организации кои настапуваат под името на „Шарената револуција“, за непречено функционирање на СЈО и отстранување на сите пречки кои им стојат на пат и доследно се залага за формирање на специјален суд, како начин за нивна целосна функционалност. Оставката на Ѓорѓе Иванов после вчерашното повлекување на аболицијата треба да биде само прашање на ден“- стои во соопштението.

ЛДП бара за време на преговорите да се разговара и за промена на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица, со отворени изборни листи.

Слично

Поврзани вести