Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Роза Топузова-Каревска изврши политичко самоубиство!

ЛДП: Роза Топузова-Каревска изврши политичко самоубиство!
„Политичко самоубиство“ - вака од ЛДП официјално го оценуваат потегот на нивната потпретседателка Роза Топузова - Каревска да не ја почитува одлуката за враќање на мандатите, зад која застанаа партиите од опозицијата. „Тој нејзин избор преставува политичко самоубиство, бидејќи знаеме како и каде завршуваат сличните примери. Точно е дека борбата треба да се води во институциите, но само кога функционираат во демократски амбиент. Оттаму опозицијата не смее да биде само декор или алиби на овој режим“, стои во официјалното соопштение од ЛДП, откако Топузова-Каревска не се појави денеска на официјалното поднесување оставки од страна на опозициските пратеници. Од ЛДП денеска признаа дека статутот не им дозволува да ја исклучат „непослушната пратеничка“ од членство во партијата. Сепак, во вторник ќе заседава Извршниот одбор, кој се очекува да предложи нејзино разрешување од потпретседателската функција. Топузова-Каревска, во изјава за Утрински весник, тврди дека во Парламентот ќе продолжи да работи како опозициски пратеник и критички ќе ги опсервира политиките на владејачкото мнозинство.
Слично

Поврзани вести