ЛДП:Попоски да го прочита извештајот Прибе, ги губиме вистинските пријатели во Европа
Од ЛДП го повикаа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, да го прочита извештајот на Рајнхард Прибе за состојбите во државата, за работите да му станат појасни.
Едно е сигурно, со вакво недржавничко и строго партиско делување полека, но сигурно ги губиме вистинските пријатели во Европа, сметаат од партијата. „Во извештајот јасно пишува, кој прислушкувал во државата и на што се должи нефункционалноста на институциите, како и за корупцијата во врвот на власта и за наводната „слобода“ на медиуми. Попоски, во интервјуто за „Дојче веле“ се стави во улога на адвокат на ѓаволот, поддржувајќи го злосторничкото здружување на врхушката на власт. Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е осмислено сценарио за меѓусебно штитење на криминалците на власт“- се наведува во соопштението. ЛДП истакнува дека најдобро би било Попоски, да не ги троши народните пари за одбрана на криминалната банда по светот, туку да се посвети на евроатлантските интеграции на Македонија.
