ЛДП: Партизацијата на правосудниот систем мора да запре
Македонското правосудство денеска го одбележува Денот на основањето на судовите и по тој повод од Либерално-демократската партија упатуваат апел до судството за начинот на кој треба да функционира.
Во овие мрачни години за функционирањето на правосудниот систем, под палката на режимот на власт, упатуваме силна порака до судството доследно да го почитува принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права, велат од ЛДП. „Поединци од „сваровски“ судството заборавија на својата улога дека треба да се грижат за обезбедување и афирмација на правната сигурност, како и тоа дека судството треба да подразбира унапредување на високите цивилизациски и општо прифатени идеи и стандарди за демократија во општеството. Партизацијата на правосудниот систем мора да запре и судството да се врати на колосекот на цивилизираните општества“- стои во сооптштението од СЈО.
Од партијата даваат поддршка на СЈО и бараат храбро да се борат против корупција, криминал и злосторства.
