Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Криминогени структури раководат со безбедносните служби на МВР

ЛДП: Криминогени структури раководат со безбедносните служби на МВР

Од Либерално-демократската партија велат дека безбедносниот сектор на Република Македонија, длабоко „зарибан“ во криминалите на власта и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, мора под итно да се декриминализира.

Аболицијата на високи полициски функционери од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, јасно потврди дека во МВР работат криминогени лица, додаваат од партијата. „Самиот чин на повлекување на аболицијата не го промени фактот дека криминогени структури се уште работат и раководат со безбедносните служби на МВР. Ако досега кружеа информации дека овој сектор е партизиран, сега постојат цврсти докази дека истиот е и криминализиран. Во исто време, неодамнешниот прием на нови припадници на полициските сили, од кои добар дел не ги поминале безбедносните проверки, претставува преседан за земја која тежнее да стане членка на ЕУ и НАТО. Колку можат граѓаните на Република Македонија да имаат доверба во полицијата, која во своите редови има припадници со криминално досие? “ - прашуваат од ЛДП.

Либерално-демократската партија смета дека се повеќе од потребни темелни реформи во безбедносните структури, и бараат час поскоро да се отпочне со процесот на департизација и декриминализација на службите.

Слично

Поврзани вести