Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Или помош од економски експерти или оставка на Ставрески

ЛДП: Или помош од економски експерти или оставка на Ставрески
Mинистерот за финансии Зоран Ставрески да покаже зрелост и одговорност каква што прилега на неговата функцијата и веднаш да побара помош од економски експерти или пак да поднесе отставка, побараа денеска од Либерално демократската партија. Оттаму велат дека тешки времиња ја очекуваат македонската економија.
„Она на што постојано повикуваше ЛДП денес го потврди и кредитната агенција „Standard & Poor’s“, која кредитниот рејтинг на Македонија го намали за едно ниво. Агенцијата само потврди дека Владата има неадекватни контролни механизми заради што има зголемување на скриените трошоци на јавните инвестиции како и дека постојано се вложува во непродуктивни добра. Покрај другото, сметаат дека бизнис климата е помалку охрабрувачка за домашните мали и средни компании“, стои во соопштението од ЛДП.
Од ЛДП посочуваат и дека Ставрески или не е свесен за овие податоци или пак не може да ја заузда својата суета.
„Кога тој министер ќе добие пофални зборови од релевантните финансиски институции се фали на сите ѕвона, а кога ќе биде критикуван веднаш ги смета за нерелевантни, и ова само докажува една непостојаност и отсуство на одговорност на човекот кој раководи со едно од најважните министерства“, забележуваат од партијата.
Слично

Поврзани вести