Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Ги осудуваме сите дела на тероризам

ЛДП: Ги осудуваме сите дела на тероризам
По терористичките напади во изминативе неколку недели, прво во Турција, а сега и во Белгија, од Либерално-демократската партија бараат солидарност и толерантност кон сите жртви. „Најостро ги осудуваме сите дела на тероризам кои се директен атак на животот на невини жртви, на принципот на нарушување на човековите права и рушење на современата демократија и концептот на граѓанско општество. Тоа е темелот на либералната идеологија во светот. Воедно, ЛДП смета дека примитивните и срамни реакции на дел од самонаречените интелектуалци и новинари блиски до ВМРО-ДПМНЕ, кои зад оваа драма истакнуваат ирационални аргументи е подеднакво форма на терор врз здравиот разум и ширење на говор на омраза. Ниту еден трагичен настан не смее да биде повод за закани, ксенофобија и осуда кон различната национална, религиска или било која друга припадност“- велат од ЛДП. Единствени кои требат да бидат осудени и строго санкционирани се оние кои говорот на омраза и своеволното однесување го сметаат за дозволен начин на комуникација, додаваат од ЛДП.
Слично

Поврзани вести