Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Да се плаќа ДДВ по наплата и да се воведе викенд без данок

ЛДП: Да се плаќа ДДВ по наплата и да се воведе викенд без данок
Либерално демократската партија бара да се промени системот за наплата на ДДВ, при што сите компании чиј што годишен обрт не надминува 20 милиони денари (околу 330.000 евра), ДДВ-то би го плаќале по извршената наплата. Оттаму потсетуваат дека Бугарија неодамна направила реформи за наплата на ДДВ, како резултат на реакциите и сугестиите од бизнис секторот, според кои почнувајќи од 2014 година, фирмите, чиј годишен обрт не надминува 500.000 евра, ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ, дури по извршената наплата. Либералдемократите бараат да се воведе и викенд без данок, по примерот на повеќе сојузни држави во САД, односно период од петок до недела, во кој се врши продажба без наплата на данок, tax free weekend, кога државата се откажува од наплатата на данокот.
Слично

Поврзани вести