ЛДП бара оставка од Димитриев и формирање Влада на национално единство
Од Либерално-демократската партија бараат неотповиклива оставка од премиерот, Емил Димитриев, задолжен за спроведување на изборите и итно формирање на Влада на национално единство.
Ова е единствениот пат за излез на државата од актуелната политичка, економска и морала криза, што ВМРО-ДПМНЕ ја наметна по своја волја, тврдат од ЛДП. „Техничкиот премиер Димитриев во изминатиот период со ништо не покажа дека се залага и работи на сите предуслови за овозможување на фер, демократски и кредибилни избори, како и споведување на препораките од извештајот на Прибе. Напротив, со сите свои постапки помага во изигрување на Договорот од Пржино, остава простор за уште поголеми сомнежи за непрочистениот избирачки список, а се повеќе не’ оддалечува и од регулацијата на медиумите и избалансираното медиумско известување. Секојдневно сме сведоци на обидите на власта да се загуши револтот и правото на протест на граѓаните со контрапротести, закани и протисоци, особено врз вработените во админстрацијата“- велат од ЛДП. Бараат во новите преговори да земат учество претставници на помалите политички партии како и граѓанскиот сектор. Претседателот Иванов да ја повлече аболицијата за криминалците од власта и да си замине од функцијата, а Специјалното јавно обвинителство да ги процесуира сите истраги кои произлегуваат од прислушуваните разговори, додаваат од ЛДП.
