Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП:Авантурата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрози евроатлантските интеграции

ЛДП:Авантурата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрози евроатлантските интеграции

Од Либерално-демократската партија велат дека Никола Груевски и аболираната врхушка на власт се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата.

Според нив, оваа авантура на ВМРО-ДПМНЕ, да излезе сама против себе на избори, ќе ги загрози евроатлантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана.

„Власта, која е синоним за криминал и корупција, токму со неуставната и противправна аболиција се дрзнува да уценува и да се пазари за да побегне од раката на правдата. Аболицијата за привилегираните криминалци од власта мора да се повлече, а предвремените парламентарни избори да се одложат, се’ додека не се создадат услови за слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Секој кој се надева на поинаков расплет на кризата ја манипулира јавноста. Никој нема право во има на граѓаните да се пазари со аболицијата на криминалците. Законите мора да важат подеднакво за сите“ - велат од ЛДП.

Либерално-демократската партија останува на истиот пат со граѓаните за враќање на слободата, демократијата во државата и правната држава, категорични се од ЛДП.

Слично

Поврзани вести