Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажна тревога го испразни турскиот Парламент

Лажна тревога го испразни турскиот Парламент

Зградата на турскиот Парламент е евакуирана бидејќи се прошири информација дека се подготвува напад на објектот, јавуваат локалните медиуми.

Парламентот е затворен, а главните порти на објектот се заклучени. Пред зградата беше и противпожарна екипа. Безбедноста во зградата на Парламентот е зголемена по  обидот за државен удар во петокот.

„Закани за напад на парламентот. Изворот е непознат, но вработените и парламентарците ја напуштија зградата“ – напиша на Твитер,  Зија Пир од прокурдската Народна демократска партија.

Турските медиуми подоцна објавија дека тревогата за напад била лажна, а полицијата во моментов го истражува инцидентот.

Слично

Поврзани вести