Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЖНА ПАНИКА ВО ДОЈРАН: Нема пирани во езерото-несовесно пуштена аквариумска риба?

ЛАЖНА ПАНИКА ВО ДОЈРАН: Нема пирани во езерото-несовесно пуштена аквариумска риба?

После вознемирувачките вести за појавата на пирани во Дојранското езеро, кои ги изнесоа поедини рибари, се огласи и Хидробиолошкиот завод во Охрид кој се обиде да ја смири јавноста.

Тие соопштија дека всушност се работи за риби слични на пираните, односно за риба позната како амазонску паку, која во езерото ја пуштил најверојатно некој од својот аквариум.

„Нема простор за паника бидејќи рибите се топловодни. Тоа значи дека ќе изумрат кога ќе дојде зимскиот период“, рекол раоводителот на Отсеот за практично рибарство и аквакултура при Хидробиолошкиот завод Зоран Спирковски.

А , додека залади капачите нека внимаваат. Имено, амазонскиот паку е познат како риба која ги напаѓа машките тестиси.

„Нема простор за паника, пронајдените примероци од риба во Дојранско Езеро не се опасни за луѓето“- велат од Министерството за земјоделство.

Рибата се храни со билки, инсекти и слично. Како риба која не ги разликува овие плодови од машките тестиси, во водите на Амазон и Нова Гвинеја, каде што ги има најмногу, често ги напаѓа пливачите кои се бањаат голи.

Слично

Поврзани вести