Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажна дојава за бомба на аеродромот во Софија

Лажна дојава за бомба на аеродромот во Софија
Министерството за внатрешни работи на Бугарија демантираше денеска дека е пронајдена експлозивна направа во комбе, паркирано пред зградата на меѓународниот аеродром во Софија. -Во моментов специјалците продолжуваат да вршат проверки внатре во комбето, кое е поместено на безбедно. До 15 часот по локално време, експлозивна направа не е најдена. Проверките продолжуваат-соопшти службата за јавност на тоа министерство. Експлозивна направа е пронајдена во комбе-рекла претходно портпаролката на аеродромот Даниела Велева. Спречена е експлозија и нема повредени. Бугарската полиција претходно евекуираше дел од аеродромот , Терминал1, додека торбите во комбето се проверувани.  
Слично

Поврзани вести