Лазаров: Се јави опозиција против нашата компанија затоа што правевме евтини ПЦР тестови
Сопственикот на Никоб Медикал и Никоб Лаб, Кирил Лазаров, во емисијата „Утрински Брифинг“ претпладнето рече дека „се јавила опозиција“ против неговата компанија затоа што цените на ПЦР-тетсовите за време на пандемијата биле најпопуларни.
Бизнисменот рече дека преку 150.000 ПЦР-тестови чинеле по просечна цена од 910 денари и дека успеал да ја спушти цената и до четирикратно помалку во однос на конкуренцијата.
- Сме нарушиле многу математики и се појави таканаречена опозиција во однос на нашата компанија, бидејќи нашата работа не се темели на брз немилосрден профит, туку на долгорочна стратегија врзана со долгорочни инвестиции во кадар, опрема и инфраструктура, рече најголемиот работодавач во Македонија.
Денеска премиерот Димитар Ковачевски ќе го посети новото седиште на компанијата, а Лазаров вели дека нема да бара ништо од Владата.
- Ќе дојде да ја види брзата медицинска интервенција и лабораторијата, како функционераат модерните услуги. Не ни е целта да бараме нешто од премиерот или да се жалиме, изјави тој.
Лазаров додаде дека „Ников“ успеал да задржи голем кадровски потенцијал во Македонија да не се пресели во странство.
- Во однос на кадровските решенија и наоѓање персонал, задачата не е лесна и тие млади доктори, медицински сестри и техничари во последен момент сме ги задржале да не заминат во странство, бидејќи за нив претставуваше предизвик да работат во нашата компанија, додаде Лазаров.
