Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лазаров: Maкедонија веќе подолг временски период бележи пад на БДП по работник

Лазаров: Maкедонија веќе подолг временски период бележи пад на БДП по работник

Македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста, наведува Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ во статус на Фејсбук.

Toj додава дека земјава веќе подолг временски период бележи пад на продуктивноста на трудот (БДП по работник).

„Имено, продуктивноста на трудот бележи просечен пад од – 2.2% годишно во последните четири години. Овој пад на продуктивноста на трудот е уште поизразен во првите три квартали од 2020 година, каде е забележан пад од -6% споредено со истиот период лани. Ова е силна потврда за погрешните економски политика на Владата во целиот изминат период, но уште повеќе во периодот на кризата. За споредба, во Србија продуктивноста на трудот во периодот 2017-2020 година бележи просечен раст од 1.5%, а во првите три квартали од 2020 година падот е повеќе од шест пати помал од нашиот, – 0.8%. Само да појаснам овој индикатор покажува колку еден работник во просек произведува (додава вредност) во економијата и во нормални пазарни услови од него зависи висината на просечната плата во земјата. На пример, Македонија има 3 пати пониска просечна плата од Словенија затоа што Македонија има 3 пати пониска продуктивност од Словенија или платите во Германија се 6 пати поголеми од платите во Македонија затоа што германската економија е 6 пати попродуктивна од македонската економија“, пишува тој. 


Додава дека од ова може да заклучиме дека со економските политики на оваа влада ниту ќе растат платите, ниту ќе расте животниот стандард на граѓаните.

Македонската економија влезе во рецесија. 

Домашната економија доживеа пад од 3,3 отсто во третиот квартал од годинава, соопшти Државниот завод за статистика. 

Слично

Поврзани вести