Лазарополе, таму најгоре!
Како што е веќе познато, Владата, на крајот од минатиот месец, донесе одлука за пренамена на земјоделско во градежно земјиште во мијачкото село Лазраополе. Тоа отвори многу дилеми и стравувања кај луѓето кои се родум од ова македонско село, но и кај сите љубители на природата и македонската традиција.
Со одлуката на Владата се одземаат 42 хектара шума, земјоделско земјиште од втора и трета класа, сопственост на Црквата и на 40-ина лазарополци кои располагаат со тапии. Се пренаменува земјоделското земјиште од 6., 7. и 8. класа. Според лазарополци, им се одзема најубавото и најатрактивно земјиште кое се наоѓа на просторот од гробиштата до „Лазовата вила“, со што ќе се загуби автентичноста на местото, ќе се уништат флората и фауната.
„Со документи и аргументи ќе се обидеме да ги оспориме владината одлука и владиниот проект за изградба на викенд-населба со 300 куќи и два хотела, која беше донесена нетранспарентно“, вели за Утрински весник Андон Стојковски, претседател на Месната заедница Лазарополе.
Граѓани, обединети во иницијативата „Заштита на убавините на Лазарополе“, се противат на изградбата на нова викенд-населба во ова планинско место, откако Владата одлучила да дозволи трајна пренамена на земјоделско земјиште во градежно во близина на селото, на територија која е дел од Националниот парк Маврово.
Граѓаните се жалат дека Владата ја донела одлуката набрзина, без консултација со сопствениците на парцелите и на нетранспарентен начин. Според нив, со ова ќе се наруши природниот баланс на Лазарополскиот крај и ќе се направи несогледлива штета на една од последните недопрени, еколошки чисти средини во Македонија.
Лазарополци се гневни бидејќи, како што велат, државата со урбанизацијата целосно ќе го уништи еден од најубавите простори во Македонија богат со природни убавини, поради што е и заштитен со закон како природно наследство.
По одлуката да се градат две мали хидроцентрали, „Луково Поле“ и „Бошков мост“ во границите на самиот НП „Маврово“, за кои наиде на жесток отпор од невладините организации кои се залагаат за заштита на животната средина, сега Владата оди чекор потаму и решава да урбанизира нови 40-ина хектари во истиот национален парк.
Лазарополе се наоѓа на надморска височина од 1.350 метри и е една од највисоките селски населби во земјава. Се простира на југозападниот дел од живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон долината на Мала Река и планината Стогово. До селото води асфалтен пат од правец на Маврово, скршнувајќи од магистралата Маврово-Дебар кај месноста Бошков Мост. Лазарополе е познато како место со најчист воздух на Балканот. Тоа е дел од Националниот парк „Маврово“, едно од трите подрачја најзаштитени со закон во земјава.
Лазарополе е опеано и во народните умотворби и песни, како најубаавиот дел од мијачијата, и лазоровци секогаш велат дека се горди на тоа што го имаат.
За сите нив еден поздрав и од екипата на Фактор:
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=K8FiDodRC84[/embed]

Слично