Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров загрижен за Голема Албанија и Охридскиот договор

Лавров загрижен за Голема Албанија и Охридскиот договор

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја критикуваше Европската Унија поради нејзината пасивност кон идеите за Голема Албанија. На средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, Лавров предупреди дека се прекршува Охридскиот договор. 

Одговорајќи на новинарско прашање за Косово и пасивноста на Брисел кон големоалбанските идеи, Лавров порача дека „не може да не не` загрижува пасивност на ЕУ за иницијативата од Тирана, т.н. Тиранска платформа, која е апсолутно нескриен повик за формирање на Голема Албанија“.

- Еве. неодамна, кога во Македонија имаше парламентарни избори, претседателот на Парламентот, на масата во својот кабинет го стави албанското знаме, во Македонија. Овие денови шефот на албанската влада Еди Рама гордо изјаби дека токму тој од Албанија го иницирал законот во македонскиот парламент, кој му дава на албанскиот јазик статус на државен јазик. На тој начин се прекршува Охридскиот договор, кој сите со олеснување го примивме, бидејќи ја олесни кризата во Македонија пред многу годни - порача Лавров.


Слично

Поврзани вести