Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Во Македонија опасно, Црна Гора ги жртвува односите со Русија

Лавров: Во Македонија опасно, Црна Гора ги жртвува односите со Русија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги предупреди западните медиуми на опасност од заострување на ситуацијата во Македонија и изразил жалење поради Црна Гора која, како вели, попуштила пред ултиматумот-или Русија или НАТО.

„Во Македонија моментално е исклучително сложена состојбата, можеме дури и да ја наречеме своевидна криза, која е вештачки предизвикана и води кон општетствена поделба“, рекол Лавров и изразил надеж дека „западот ја разбира опасноста од таа ситуација“.

Говорејќи за Црна Гора , Лавров рекол дека жали што таа земја решила да влезе во НАТО.

„Црна Гора попуштила пред ултиматумот-или Русија или НАТО. Таа се одлучила да го занемари економскиот аспект и да ги жртвува односите со Русија. Нека е таа одлука на совест на црногорските лидери како и на раководителите на НАТО. Меѓутоа, апсолутно несфатливо е како членството на Црна Гора ќе ја зголеми безбедноста во НАТО“, додал тој.

Лавров се осврнал и на проблематиката на целокупниот балкански регион, посебно кога се работи за наводни провокативни дејствија на Русија, велејќи дека „сите нормални врски на балканските земји со Русија во ист час стануваат грижа на поедини претставници кои тоа го коментираат како мешање на Русија во внатрешните прашања на Балканот“.

„Ние не се плашиме од такви изјави, нашите ставови се покопуваат со ставовите на многу земји од Балканот“, рекол Лавров.

Слично

Поврзани вести