Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров ја откажа посетата на Атина по дипломатскиот скандал во врска со договорот за промена на името

Лавров ја откажа посетата на Атина по дипломатскиот скандал во врска со договорот за промена на името

Посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на Атина е одложена, по тензиите во односите меѓу Атина и Москва по протерувањето на двајца руски дипломати од Грција. 

Атина ги протера дипломатите по сознанија дека сакале да го поткопаат договорот со Скопје потпишан во Преспа со тоа што нуделе пари на разни влијателни групи да организираат екстремни протести.

Крајната цел, најверојатно е Македонија да не стане членка на НАТО-пактот, откако ја доби поканата и ги започна пристапните преговори.

Како што објави руската новинска агенција ТАСС, рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов, рече дека времето на посетата на рускиот министер за надворешни работи во Атина повеќе не е соодветно. 

Атина минатата недела протера двајца руски дипломати и го забрани влезот во земјата на уште двајца, со обвинение дека се обидувале да поткупат функционери и да поттикнат демонстрации за да ја оневозможат ратификацијата на преспанскиот договор

Слично

Поврзани вести