Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ: ЕУ не може еднострано да ги ревидира договорите за Јужен поток

ЛАВРОВ: ЕУ не може еднострано да ги ревидира договорите за Јужен поток
Договрите што Русија ги склучи со балканските земји за изградба на гасоводот “Јужен поток“ се дел од меѓународното право и Европската унија не може нив еднострано да ги подложи на ревизија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за „Политика“. Интервјуто на Лавров во целост треба да биде објавено во утрешното издание на српскиот весник. Во него поголем дел шефот на руската дипломатија посветува на односите помеѓу Русија и Србија поздравувајќи го притоа процесот на зближување на Србија со Европската унија. - Почетокот на преговорите за членство на Србија во ЕУ не им нанесува штети на нашето партнерство и на реализиацијата на крупните економски и инфраструктурни проекти, вклучувајќи го тука и енергетскиот сектор, изјавува Лавров во интервјуто.
Слично

Поврзани вести