Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавиците ќе добијат интересна понуда од машко лице, Шкорпиите ќе добијат пари. А вие?

Лавиците ќе добијат интересна понуда од машко лице, Шкорпиите ќе добијат пари. А вие?

ОВЕН (21 март – 20 април)

Оваа недела ќе иматe неколку важни очекувања и обврски поврзани со различни луѓе, главно во знакот на Бик, Девица или Јарец. Веројатност за ново познанство и за нови луѓе во семејството или професионалната средина. Жените-Овен ќе имаат трошоци за мало дете или ќе добијат пари поврзани со него. Успешна финансиска недела за младите жени. Во љубовта, работите ќе бидат непредвидливи. Можност за незадоволство, недоразбирање или запоставување од страна на партнерот. Љубомората само ќе ги влоши работите...

БИК (21 април - 20 мај)

Оваа недела ќе имате причина за собирање, лична прослава, која ќе биде поврзана со женско лице. Нови љубовни состаноци за неженетите мажи-Бик ќе донесат силни и позитивни емоции. Вашите очекувања ќе бидат поврзани со телефонски разговори со лица, надалеку и блиску, или со важна преписка или документи кои ќе ја одредат иднината на вашите планови. Ќе имате шанса за патување што може да е поврзано со претходни очекувања и ставови. Неочекувано, вести ќе добиете поврзани со нечиј сериозен здравствен проблем. Може да се појават грижи за примање на голем, значаен договор или документ. Ако има одложување, не паничете. Ќе има причина, но тоа нема да биде на ваша штета.

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)

Оваа недела ќе треба да поминете низ некои тешкотии со дете или внук. Ситуацијата ќе биде првенствено емотивна, без оглед со што е поврзана. Во некои случаи, може да наидете на проблеми во бракот на ваше дете, за што не може да помогнете со ништо. Неделава ќе ве изненади со вести или настани поврзани со стара љубов - поранешен брачен другар или љубовник. Тешко е да се предвиди со што точно ќе биде поврзано ова изненадување, бидејќи за сите засегнати тоа ќе биде различно. Само што не сте влегле во спор/конфликт со некој за кого знаете дека може да кажува доста непријатни работи. Ќе имате голема загриженост за можните случувања после еден таков конфликт.

РАК (21 јуни - 20 јули)

Оваа недела може да се појават проблеми за мала сума пари што може да доведат до разделба, отфрлање на договор или ветување и слично. Непријатно несогласување, неуспех или друга емоционална трагедија во семејство на ваши пријатели, колеги или соседи. Веројатноста за ваша интервенција да помогнете е нула, некои работи едноставно требало да се случат. Настан поврзан со момче или млад човек може да биде повод за собирање, прослава, за посета на институција или за патување надвор од вашата заедница. Материјална добивка за младите мажи-Рак. Може да се усреќат со купување на потребни или корисни нешта.

ЛАВ (21 јули - 21 август)

Оваа недела може да очекувате заокружување на семејниот буџет, трансфер на пари на ваша банкарска сметка, парични приходи од работа или од други лица од домот/семејството. Ако сте во процес на продажба или промена на имот, ќе бидете воодушевени од неговото финализирање. Пред вас е сериозно размислување за нејасни, збунувачки и малку лицемерни акции и коментари на женско лице. Ќе се обидете да дознаете што се крие зад нејзините постапки и дали и дали тие се поволни за вас или се против вас. Ќе имате важен разговор со машко лице, веројатно во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Причината за овој разговор ќе биде многу важна за него, а до одреден степен и за вас. Жените-Лав ќе добијат интересна понуда од машко лице од интимен или професионален карактер.

ДЕВИЦА (22 август - 22 септември)

Оваа недела ќе имате средба со лица во знакот на Девица, Јарец или Бик, која ќе ви помогне да решите недоразбирање, непријатност или проблем. Веројатно некои лица ќе ве бараат вас за решавање на нивни сериозен проблем и вие ќе бидете во можност да им дадете помош или совет. Пријатно ќе бидете изненадени со добивка, награда, подарок, или документ за сопственост или право на сопственост на имот/стоки. Во однос на материјалиот аспект, пред Девиците е изненадување, во позитивна смисла на зборот. Обрнете внимание на вашите односи со жена која не ви е роднина, но со која сè уште имате некои контакти. Нејзинатата лукавост и лицемерие биле причината за ваша загуба неодамна. Всушност, само што не сте дознале...

ВАГА (23 септември - 22 октомври)

Ова ќе биде поволна недела за напредок или завршување на обврски поврзани со наследување, имот од родителите, пензија и слично. Ќе имате причина да се радувате поради дејствувања, состанок или договор со женско лице, од кое може да добиете пари или други материјално-финансиска добивка. Жените-Вага може да доживеат пријатно изненадување, награда или профит. Оваа седмица ќе биде потешка за оние од вас кои поради некоја причина се одвоени од децата. Ќе се појават емотивни моменти на депресија, тага, осаменост. Ќе ве фрустрираат лоши вести поврзани со личност во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Поволна недела за патување, за комуникација со луѓе од далеку. Неочекувана средба или неочекувано чуден сон.

ШКОРПИЈА (23 октомври - 22 ноември)

Оваа недела може да ве воодушеви со добивање пари, финансиски документи, вклучувајќи кредит. Во некои случаи може да добете пари од лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Лоши вести или настан поврзан со женско лице или жени. Разделба од жена може да се случи поради неможноста вашата врска да продолжи и во иднина. Најверојатно ќе откриете нешто неочекувано, ќе дознаете за илузија или измама со која живеете од неодамна, а која може да влијае врз вашиот личен или професионален живот. Сам по себе, овој настан не носи загуба, но емотивно ќе треба да се справите со нешто што носи тешки емоции. Жените-Шкорпија ќе имаат разговор што ќе предизвика неочекувана одлука или нова идеја, план. Мажите-Шкорпија ќе имаат повеќе ангажмани со роднините.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември - 21 декември)

Оваа недела може да очекувате пари благодарение на вашите лични напори, работа, семејни врски, од судска/правна институција, или од лице во знакот на Близнаци, Вага, Водолија. Ќе има поволен развој на судски/правен случај од финансиска природа. Ќе го следите развојот на настаните во животот на некој пријател. Очекувате исполнување на ветување што ви го дало лице во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Активности на момче или млад човек може да ви предизвика штета/загуба и слично, но поврзани со малку пари. Чувајте си го вашиот паричник на јавни места. Во љубовта, ќе се случат некои комплицирани моменти или противречности, но во исто време може да поминете пријатни моменти со саканото лице. Настани или активности поврзани со неверство не треба да бидат осудени набрзина.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ - 20 ЈАНУАРИ)

Жените-Јарец може да подлежат на промена во образованието или работата, или да отсуствуваат од работа од некоја причина. Ќе бидете во можност да решите проблем или контроверзии што се јавуваат помеѓу вас и лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Во принцип, неделава ќе имате можност да најдете компромиси за чувствителни прашања коишто ве мачат во последно време. Ќе ја разгледувате можноста за патување или покана да посетите некој кој живее далеку од вас. Постојат некои можности за проблеми во текот на патувањето, но добро е да се видат работите реално, а не како илузија, или лажни надежи. На финансиски план, ќе се појават некои непредвидени ситуации, но со малку повеќе разум и добро промислени активности може да излезете од секоја тешкотија.

ВОДОЛИЈА (21 јануари - 19 февруари)

Ова ќе биде поволна недела да купите нешто за домот, да го промените интериерот – и секакви промени и иновации поврзани со него. Можни настани може да вклучат купување или преселба во нов дом или ново сместување. Поволна седмица за патување, главно за задоволство, посета на роднини или пријатели. Патувањето за мажите-Водолија ќе биде важно за нивната иднина, од некоја причина. Многу е веројатно дека ќе сретнете некого од друго место, кој доаѓа со одредена цел. Можни здравствени проблеми на машко дете. Може да имате чудни искуства, силна интуиција, среќавање луѓе кои се видовити или имаат дарба за пророштва и слично. Не брзајте да реагирате на какви било необични нешта што ќе се случат сега...

РИБИ (20 февруари - 20 март)

Оваа недела една личност со која сте се разделиле во минатото, поради некоја причина ќе бара контакт со вас сега. Можно е да добиете објаснување или извинување за минатите настани. Вести, писмо, или телефонски повик ќе имате од лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија, кое живее далеку од вас. Ќе имате трошоци поврзани со образование на дете, обука, развој на талент или способност, приватни часови или посебни активности во дадена област - спорт, уметност... Ќе откриете дека сте си создале непотребни грижи и стравови за нешто што, всушност, ќе биде причина за радост. Ќе има олеснување и подобрување во вашата емотивна состојба. Жените-Риби топло ќе пречекаат гости или ќе бидат поканети да одат на гости, во посета и слично. Мажите-Риби ќе треба да му помогнат на пријател или роднина во неволја.

Слично

Поврзани вести