Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавина од реакции по приведувањето на Савевски

Лавина од реакции по приведувањето на Савевски

По утринското повикување на распит и приведување на  Здравко Савевски од Левица партии и здруженија се јавија со реакции.

„Приведувањето на Здравко Савевски, еден од лидерите на „Левица“, само ја покажува бруталноста, едновремено и стравот, на партиската полиција на ВМРО-ДПМНЕ. Не може, не смее, високи полициски функционери да не ја почитуваат законитоста во работењето на МВР, односно да не ги почитуваат ингеренциите на министерот Спасовски, а да глумат законитост при апсењето на еден од учениците на оправданите протести на граѓаните“, реагираат од партијата НСДП.

Оттаму очекуваат и бараат обвинитеството и судот да не подлегнат на партиско-полицискиот притисок на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да започнат да се раководат согласно принципите на правото и правната држава, притоа имајќи во предвид дека правото на изразување на незадоволство од власта е вградено во темелите на демократијата.

Реакција и од Либералната партија.

„Кога криминалците се аболицираат, а оние што протестираат против неправдата завршуваат на информативни разговори, немаме право да останеме неми. Вечерва сум на протест. Ќе бидам и ќе бидеме заедно со секој што мисли слободно, со секој што се чувствува либерал, со секој што ја сака граѓанска Република Македонија. Ве повикувам да бидеме заедно, не затоа што така вели Либералната партија, туку затоа што така треба. Полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните. Обвинителството не може да биде на Зврлевски, туку на Република Македонија. Се гледаме во 18 часот пред СЈО – истакна Ивон Величковски“-претседател на оваа партија.

Од парртијата каде што Савевски е член, Левица порачаа дека со секој притворен власта превизвикува контраефект.

Димитар Апасиев од Левица вели дека со секој притворен власта превизвикува контраефект, односно дека протестите ќе бидат се помасовни. Тие испратија три пораки до надлежните.

„До министерот и заменик министерот за внатрешни работи да ги евидентираат, но да не ги процесуираат овие кривични пријави додека не заврши оваа политичка криза. Јавното обвинителство да не бара притвори за овие предмети и до судијата, не до судот, туку конкретниот судија кај кого ќе се падне овој предмет под ниту еден основ да не оределува мерка притвор, туку да остави правдата да се спроведува без суптилни притисоци“ – рече Апасиев.

Членови на Левицата носеа транспарент  на кој пишуваше „Апсете демонстранти, помилувате криминалци“.

И опозициската СДСМ реагираше на притворот на еден од најактивните протестирачи.

Од партијата на Заев порачаа дека правото на протест е неприкосновен право загарантирано со Закон и Устав.

Укажуваат дека хипокризија е криминалци да се на слобода,а да се приведуваат револтирани граѓани и посочуваат дека жестоко се спротивставуваат на насилничкото владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Хипокризија е обвинети за криминал и корупција од највисокиот врв на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се на слобода, па дури и аболицирани, а истата таа власт да приведува граѓани кои преку протести го изразуваат својот револт за ваквиот начин на практикување на владеењето“, стои во соопштението на опозициската партија.

Најголема поддршка за членот на Президиумот на Левица стигна од движењето „Протестирам“ кое стои зад протестите кои веќе втора недела се одржуваат во Скопје и ширум земјава.

Оттаму порачаа дека и вечерва ќе излезат на протести.

„Со бес и гадење ја дочекваме веста за приведувањето на др. Здравко Савески кој е дел од президиумот на Левица (и обидот за приведување на други лица од раководните органи на партијата), поради нивното активно учество во протестите во изминативе 2 недели. Да потсетиме, изминатиов период се заплашуваат и повикуваат на распит повеќе луѓе кои протестираат! Додека корумпираните владејачи се аболицираат, диктатурата удира по оние кои се одважиле да го кренат својот глас!“, напишаа на Фејсбук страната од Протестирам.

Велат „Очигледно е дека режимот паѓа, а се обидува со себе да ги повлече сите останати! Здравко е наш другар од улиците, кој играл важна улога во сите поважни социјални протести од 2008 па наваму! Вечер ќе бидеме на улиците низ Македонија и ќе протестираме и против селективното спроведување на правдата, против заплашувањето на активистите, и за Македонија без политички затвореници!“

Слично

Поврзани вести