Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВИНА НА ФЕЈСБУК: Кој е виновен за пропаднатиот референдум?

ЛАВИНА НА ФЕЈСБУК: Кој е виновен за пропаднатиот референдум?
Референдумот за Градскиот трговски центар предизвика реакции на социјалните мрежи. Дел корисниците на социјалната мрежа Фејсбук коментираа дека, со неуспешноста на референдумот се изгуби битката за ГТЦ, а други дека борбата допрва почнува. На своите фејсбук профили свои коментари со видувања за референдумот, објавија и дел од политичарите и аналитичарите. Во продолжение “Фактор“ пренесува дел од стаусите објавени на Фејсбук профилите. Градоначалникот на општината Центар Андреј Жерновски, на својот фејсбук профил напиша дека ГТЦ освои најмногу гласови во историјата, повеќе од било која политичка партија до сега на избори во општина Центар. -Посебно сакам да им се заблагодарам на сите што неуморно работеа во текот на целата кампања.Гласаа 40 %, но неофицијалните резултати говорат дека над 95 % од излезените граѓани гласале за зачувавње на автентичноста на ГТЦ. Оваа порака која граѓаните денеска ја испратија кажува само едно – автентичноста на ГТЦ не смее никој да се осмели да ја наруши. ГТЦ освои најмногу гласови во историјата, повеќе од било која политичка партија до сега на избори во општина Центар. Ова е голема победа на граѓаните и на демократијата не само во Центар, туку во цела Македонија. За жал денеска повторно бевме сведоци на притисоците со кои власта ја фалсификуваше волјата на граѓаните. Официјалните набљудувачи забележеа низа нерегуларности кои веќе редовно ги користи власта на изборите во Центар. Повторно имаше исклучени лифтови, повторно имаше приситсоци врз граѓаните, повторно имаше преместување на граѓаните на различни избирачки места и лица избришани од избирачкиот список. Крајните намери на власта беа да ја намалат излезноста на референдумот на крајно подмолен начин. Но, нашата битка не завршува тука. Ова е првиот чекор кон враќање на власта во рацете на граѓаните. Резултатите од овој референдум јасно укажуваат дека ВМРО ДПМНЕ и неговите барокни проекти немаат поддршката во Центар. Јас како градоначалник и натаму останувам посветен и ќе работам во интерес на нашата општината и граѓаните. Дел од аналитичарите неуспехот на референдумот го гледаат, го лоцираат во стратегијата. Универзитетскиот професор Никола Поповски, исходот од референдумот е резултат на недоволно промислени чекори, придружени со лоши и навивачки а не објективни проценки. -Кога ќе се направат недоволно промислени чекори, придружени со лоши и навивачки, а не објективни проценки, тогаш од половина поминат пат работите се враќаат повторно на почетокот. Односно, наместо да се добие малку се изгубило многу. Токму тоа сега го направија СДСМ и ЛДП во општина Центар. Како да им потпишаа бланко дозвола за натамошна интензивна антиквизација и барокизација на градов. Грешка! За аналитичарот Ѓорѓи Спасов, по референдумот за ГТЦ е сосема јасна политичката волја на граѓаните. -По денешниот референдум за ГТЦ е сосема јасна политичката волја на граѓаните. Тие се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.Секоја друга интерпретација е погрешна. Ако цензусот беше 40% каков што е за избор на претседател на државата, резултатите од овој референдум, на кој излегоа 40.7% од запишаните во избирачкиот список, ќе беа обврзувачки. Сега не се, но ако се почитува волјата на граѓаните тој е исто обврзувачки. Зошто? На избори во општина Центар, независно од бројот на запишаните во избирачкиот список, излегуваат во просек, со сите кампањи и кога никој не бојкотира, околу 27 илјади граѓани. Со мнозинството на гласачи од тој број се добива власта во општина Центар. На овој референдум излегоа околу 18 илјади граѓани, или 66% од тие 27 илјади политички активни избирачи. Од излезените, 96.7% гласале за зачувување на автентичниот изглед. Тоа е јасна определба на граѓаните. Тоа се случи во услови кога централната власт го бојкотираше овој референдум, медиумите блиски до власта го бојкотираа а и првиот граѓанин на општина Центар претседателот Иванов го бојкотираше. Затоа успехот е уште поголем. Референдумот е дел од вкупната борба за политички промени, за обединување на опозицијата со граѓанскиот сектор и тие денес покажаа дека зад нив стојат 63% од граѓаните на општина Центар. Камо среќа да е ваква состојбата во сите градови. Ова конечно не е пораз. Сега Коце нека направи референдум за подршка на барокните фасади на ниво на Скопје за да се види реалната подршка за нив и да им објасни на тие што денес ликуваат колкав е процентот на оние што би излегле на реферндум за барокот, за Гуп-овите и Дуп-овите. Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев напиша дека и покрај сите нерегуларности резултатите се позитивни. -Искористивме pрекрасна демократска алатка. Го одржавме  и подигнавме активизмот и  капацитетност. Изградивме прекрасни партнерства и соработки со граѓански активисти на цели кои може да бидат заеднички. Во услови на референдум кога со самиот чин на излегување на гласање се испраќа пораката на решителност да се спротивствавиш на забеганата власт, а при избирачки список во кој повеке од 25% гласачи практично не се на адресите кои се водат на избирачкиот список. Мислам дека успехот е повеќе од добар. Така што досега само критичен осврт видов од борци против режимот. Од самиот режим сеуште нема критика за неуспешниот референдум. Немојте да бидете храбри борци кои при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех .Веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен. Нема овде виновни. Комплименти за сите што гласаа и сите што се вклучија да го организират, помогнат и подржат референдумот, напиша Заев Музичарот Златко Ориѓански напиша дека причината за неуспешноста на референдумот ја гледа во како што пишува во мртвиот скопски интелектуализам. -Референдумот, во суштина не значи ништо, да беше и поинаку, не ќе го сметав за некоја страшна победа. Референдумот покажува две три за мене важни нешта. Првата и најглавната, тоа е тој мртов скопски интелектуализам, нешто кое не фати чекор со времето кое во моментов го живееме. Не разбра и не виде оти е потребна промена,не виде оти времето на таа мека кадифена џез фондациска логика е мртво, заминато.Тој интелектуализам живее во спомени и минати времиња. Втората работа, отпор требаше да се покаже на самиот почеток кога започна тој мутав проект. Денес, тоа нема реална смисла и повеќе е знак за ова што погоре напишав.
Слично

Поврзани вести