Лани во ноември 58,5 отсто од потрошената електрична енергија била од домашни извори
Во Македонија во ноември лани се потрошени 699.451 мегават часови електрична енергија. 58,5 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 94,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.
Како што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), во истиот период потрошени се 47,974 милиони нормални кубни метри природен гас, 319.373 тони јаглен и 102.983 тони нафтени продукти.
Струјата поскапи за 9.48 отсто. Светот го тресе енергетска криза.
Слично
