Лани потрошени 546 милиони евра за станови, 92 милиони евра за купување во Центар
Лани во Македонија се купиле скоро 8.000 станови со вкупна вредност од 545 милиони евра, додека вкупниот износ на договорите за купопродажба на куќи изнесува 214 милиони евра, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
Најатрактивни за купување стан се скопските населби Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода.
Во Центар биле купени 756 стана и за нив е платена сума од 92 милиони евра. Во Аеродром биле купени 978 станови за вкупна сума од 80 милиони евра.
Најскапиот стан според цената за метар квадратен лани се продал во Центар. За 44 квадрати новиот сопственик платил 166.500 евра, според што цената за квадрат изнесува 3.784 евра.
Најскапата гаража, пак, е продадена во Аеродром, каде за 24 квадрати гаражен простор купувачот платил дури 30.150 евра, или 1.250 евра за квадрат.
