Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лани поевтино се живеело

Лани поевтино се живеело
Цените на мало во ноември, споредено со истиот месец лани, се зголемени за 0,4 проценти, а трошоците на живот за 1,1 процент,објави денеска Државниот завод за статистика. Според истите податоци, пак, цените на мало во ноември во однос на октомври годинава се намалени за 0,2 отсто, а трошоците на живот за 0,1 отсто. Намалувањето на трошоците на живот од 0,1 отсто во ноември во споредба со октомври годинава е резултат на пониските цени на овошјето за 7,8 проценти, мастите за 1.6 проценти, јајцата за 1,5 проценти и рибата за 1,3 проценти. Статистика евидентира намалување трошоците на животот и кај авионскиот превоз на патници за 11 проценти, услугите за сместување за 1,9 проценти, нафтените деривати за 1,3 проценти, средствата за образование за 0,9 проценти, конфекцијата за домаќинствата и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,4 проценти. Трошоците на животот во ноември споредено со октомври бележат пораст кај зеленчукот за 1,7 проценти, преработките од млеко за 0,8 проценти, преработките од месо и алкохолните пијалаци за 0,4 проценти, преработките од зеленчук, сушеното овошје и свежото и киселото млеко за 0,3 проценти. Зголемување на трошоците има и кај електричните апарати за домаќинствата за 1 проценти, средствата за хигиена за 0,8 проценти и течните горива и гасот за домаќинствата за 0,2 проценти.
Слично

Поврзани вести