Лани на фирмите сме им платиле 3,76 милиони евра за поволни кредити од банките
За финансирањето на бизнисот со т.н.„унгарски креди“ во текот на минатата година сме платиле 3.765.216 евра од буџетот за субвенционирањето на каматите од страна на стопанството.
Ова е потврдено во годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2025 година. Таму пишува дека за „Кредитна линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва со средства од Договорот за задолжување од Буџетот на Република Северна Македонија“ што започна од 31 јануари 2025 од страна на Развојна банка, доделени се 231.560.808 денари.
Кредитирањето на бизнисот со „унгарскиот кредит“ од 250.000 милиони евра продолжи и во текот на оваа година, а според решението кое е одобрено од КЗК, треба да изнесува 7.625.000 евра во државна помош кога ќе заврши кредитната линија со поволни услови за стопанствениците.
Пласирањето на средствата од таканаречениот „Унгарски кредит“ започна на почетокот од минатата година, а парите беа наменети за финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва. Средствата се обезбедени од Буџетот на РСМ во денарска противредност на 250 милиони евра. Износот на поединечен кредит кон крајните корисници беше лимитиран до 10 милиони евра и со рок на отплата до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години. Кредитната линија се реализира преку приватните банки, а се пласира до крајните корисници по исклучително поволни услови, при што каматната стапка изнесува 1,95 отсто годишно.
Проектот започна со реализација откако Развојна банка ги потпиша договорите со деловните банки преку кои одеше кредитирањето. Парите не можеа да се користат за рефинансирање на постоечки кредити, туку само за нови проекти. Власта очекуваше дека со овие пари ќе се подржат домашните компании кои ќе генерираат раст, а бенефит од тоа индиректно да имаат и граѓаните и државата.
Според бизнисмените, особено оние од извозно ориентираните компании, „унгарскиотѕ кредит“ требаше да помогне тие да останат конкурентни на пазарот со вложувањето во нови технологии, а обртот на пари би го почувствувало целото општество.
А.К.
