Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лани имало 2 200 разводи и над 14.000 склучени бракови во државата

Лани имало 2 200 разводи и над 14.000 склучени бракови во државата

Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со 2014 година и изнесува 2 200  разведени бракови.

Според траењето на бракот, најголем број разводи, 498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на склучените бракови лани во  споредба со претходната година, е зголемен за 2.7 % и изнесува 14 186 склучени бракови.  Најмногу бракови, 1 844 или 13.0%, се склучени во август, а најмалку, 702 или 4.9%, во март.  Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 91.2% за мажите.  Во втор брак, со учество од 8.1%, и во трет брак, со учество 0.7% во вкупниот број склучени бракови, почесто  стапуваат мажите.  Просечната возраст при склучување прв брак е 26.2 години за невестата и 29 години за младоженецот.

Слично

Поврзани вести