ЛАНИ ИМАА „ЗЛАТНА ГОДИНА“: Како милијардерите си го зголемија богатството?
Светските милијардери сe за 20% побогати во 2017 година.
Нивното богатство лани се зголеми за најголем процент на годишно ниво од почетокот на 21 век наваму.
Банката UBS од Шведска направи истражување во кое е откриено дека светските милијардери заработиле повеќе од било кога порано.
Тие се концентрирани во две држави.
Најголем број од светските милијардери живеат во САД, а колку за споредба како се одвиваат работите доволно е да знаете дека пред само 12 години во Кина живееја 16 милијардери, додека денес таму живеат 373 милијардери.
Богатството на дури 2.158 милијардери значително се зголеми во 2017 година.
Сега вкупното богатство на сите милијардери во светот е 8,9 трилиони долари, што е за една петтина повеќе од вредноста која беше забележана во 2016 година.
Повеќе од 40 од новите 179 милијардери во светот го наследија нивното богатство, а судејќи според бројот на милијардери можно е нивното богатство да продолжи да се наследува и во следните генерации.
Новите генерации се помоќни од претходните бидејќи имаат пристап до интернет и автоматски можат да пронајдат повеќе информации кои ќе им помогнат да создадат уште поголемо богатство.
Најбогатиот човек во светот е основачот на Amazon, Џеф Безос, кој вреди скоро 146 милијарди долари.
