Лакталис повлече заразено млеко од над 80 земји
По откривањето на проблематичните пратки на повеќе пазари Емануел Бесние, директорот на француската компанија за производство на млеко „Лактaлис“ изјави дека повеќе од 12 милиони кутии со млеко во прав за бебиња биле повлечени од 83 земји во светот, откако во фабриката била пронајдена бактеријата салмонела.
Во интервју за францускиот неделник „Журнал ди Диманш“, тој рече дека компанијата ќе им плати отштета на семејствата кои купиле заразено млеко.
„Веќе се организиравме и ќе исплаќаме финансиски средства за секое семејство на кое му било нанесена штета во оваа ситуација“, рече директорот.
Слично
