Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: Се предвидува пад на светската екомомија

Лагард: Се предвидува пад на светската екомомија
Според  Кристин Лагард, извршниот директор  на Меѓународниот монетарен фонд, несигурноста околу финансиската криза на еврозоната и така наречената фискалната скала во САД се главните причините за успорување на растот на светската економија. Таа нагласува дека за светската економија е важно и какви ќе бидат економските политики на САД и на Јапонија. „Тоа се факторите на несигурност, кои ги спречуваат луѓето да се одлучат за инвестиции, да вработуваат или да се одлучат за директни странски инвестиции“, вели  Лагард. Се очекува ММФ следната година да ја намали прогнозата за светскиот економски раст за годинава на три проценти.
Слично

Поврзани вести