Лагард предупредува - нафтената криза повлекува инфлација, трошоците се закануваат да се прелеат врз потрошувачите
Иако Европската централна банка (ЕЦБ) успеа да го ограничи инфлацискиот врв во 2022 година со серија зголемувања на каматните стапки, Кристин Лагард од Европската централна банка признава дека „тоа искуство остави свој белег“.
Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека компаниите би можеле да ги зголемат цените многу побрзо како одговор на нафтениот шок предизвикан од војната во Иран, поради горчливите сеќавања на инфлаторниот бран што ја погоди Европа по руската инвазија на Украина во 2022 година.
„Доколку порастот на цените на нафтата и гасот продолжи, „одговорот на компаниите и работниците би можел да биде побрз од минатиот пат“, изјави денеска Кристин Лагард на конференцијата во Франкфурт, пренесува АП.
Таа нагласи дека сега имаме посвежо сеќавање на високата инфлација, што би можело да влијае на брзината со која трошоците се пренесуваат на потрошувачите и со која работниците бараат надомест преку повисоки плати.
Иако ЕЦБ успеа да го ограничи инфлацискиот врв во 2022 година со серија зголемувања на каматните стапки, Лагард признава дека „тоа искуство оставило свој белег“. Според неа, цела генерација сега ја преживеала својата прва епизода на висока инфлација и можеби нема да биде бавна во реакцијата по втор пат.
Инфлацијата во земјите што го користат еврото достигна врв од 10,6 проценти во октомври 2022 година, откако инвазијата ги прекина испораките на руски природен гас.
Новиот шок беше предизвикан од блокадата на Ормутскиот теснец, што ја катапултираше цената на суровата нафта Брент од под 80 на над 100 американски долари за барел, додека цените на бензинот во Европа се удвоија за помалку од еден месец, пренесува bizportal.rs.
foto printskrin youtube
