Лагард: Погледнете ја Канада и направете финансиски реформи
Одложувањето на примена на финансиските реформи од страна на банките може да го забави глобалното економско зајакнување, смета директорката на ММФ Кристин Лагард. Според неа, расте отпорот на банките спрема реформите, но иако дел од банките наведуваат дека новите прописи се преголем товар, зачудува фактот што истите банки трошат стотици милиони долари лобирајќи против тие прописи.
Од друга страна, посочува Лагард, државите кои се обидуваат да го реформираат финансискиот систем треба да се инспирираат од мерките кои Канада ги презема за да ја заштити својата економија.
„Канада е пример на успешно ограничување на прекумерното задолжување и хипотекарните позајмици и на таа држава мора да и се даде признание поради смислата за координација и наоѓање на консензус, што ја прави влијателна долги години“, истакна директорката на ММФ.
Слично
