Лагард: Глобализацијата треба да работи за сите
Светските лидери треба да се справат подобро со чувството на немоќ поради неуспехот на глобализацијата да обезбеди широки придобивки, изјави директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, пренесува Bloomberg.
Иако светот се насладува на невиден економски раст во последните 70 години, трансформацијата довела до „дислокација и тешкотии", рече Лагард во говорот од Торонто во вторникот.
Растечката нееднаквост во приходите и можностите во многу земји го зголеми незадоволство, особено во индустријализираниот свет.
„Историјата покажува дека затворањето на границите и зголемувањето на протекционизмот не е решение. Наместо тоа, земјите мора да ги прошират придобивките од отвореноста и интеграцијата, додека се борат со страничните ефекти. Треба да ја натераме глобализацијата да работи за сите" - рече таа.
Земјите треба да ја зголемат поддршката и за пониско квалификуваните вработени и за мрежите за социјална сигурност, додаде таа. САД можат да го ублажат намањето на работни места, ако ја зголемат федералната минимална плата.Таа ги охрабри земјите да ги удвојат напорите за да се прошири трговијата.
