Лагард: Германија да го намали штедењето
Извршната директорка на ММФ Кристин Лагард, смета дека германската влада применува престроги мерки за штедење. Таа вели дека ваквата политика треба да се ублажи.
-Германија, како и некои други земји, може да си дозволат во поглед на јавните финансии да бидат помалку рестриктивни отколку останатите“, изјави Лагард.
Според Лагард догодина ќе се подобри економската ситуација во еворозонта во однос на оваа година ако почнат да се применуваат добри мерки.
-Позитивни сигнали на економски план повторно доаѓаат од САД, Кина и останатите земји во развој“, изјави Лагард.
Слично
