Лагард единствен кандидат за шеф на ММФ
Кристин Лагард ќе остане на функцијата гувернер на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) уште 5 години. Од финансиската институција најавија дека Лагард, чиј актуелен мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за позицијата.
„Еден кандидат, сегашниот управен директор Кристин Лагард, е номиниран“, гласи официјалното соопштение на извршниот одбор на организацијата.
Лагард изјави намери да остане на функцијата на крајот на минатиот месец. До вчера, кога истече рокот за поднесување на кандидатури, нема други барања.
САД, кои го држат основниот удел во кредитната институција, се силен поддржувач на курсот на 60-годишната Лагард во услови на глобална финансиска криза. Таа ја има поддршката и на многу европски земји.
Кристин Лагард, поранешен министер за економија на Франција, е на оваа функција од јули 2011 година. Се очекува извршниот борд да ги исполни брзо преостанатите процедури и да го официализира изборот на Лагард до почетокот на март.
Некогаш дел од конзервативната влада на претседателот Никола Саркози, Лагард се избори со неколку кандидати од земји во развој во 2011 година. Нејзината победа тогаш предизвика критиките дека од своето основање во 1944 година ММФ никогаш немал раководител кој не е Европеец.
