Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард: Договорот за грчкиот долг треба да се базира на реалноста

Лагард: Договорот за грчкиот долг треба да се базира на реалноста
Договорот меѓу кредиторите на Грција за намалување на долгот на земјата треба да се базира на реалноста, а не на желбите, изјави пред средбата со европските лидери шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Лагард истакна дека е  важно едно такво решение да обезбеди трајно решение за грчкиот долг, со цел да се избегне продолжување на рецесијата и нови штети на економијата на земјата. Шефот на Меѓународниот монетарен во вторник ќе присуствува на средбата на Еврогрупата  во Брисел. - Јас секогаш се трудам да бидам конструктивна, но сум движена од цели, изјави таа. Првата цел е за Грција да биде формирана и одобрена програма која е стабилна, која е убедлива денеска и ќе биде одржлива утре, која се базира на реалнсота, а не на желбите. Втората цел е да се зачува интегритетот, доверливоста и квалитетот на советите кои ги даваме, дополни Лагард.  
Слично

Поврзани вести