Лаганин: Србија во 2013-та ќе привлече 2,5 милијарди евра странски инвестиции
Србија во 2013-та може да привлече околу 2,5 милијарди евра странски директни инвестиции, а највисоките очекувања во енергетскиот сектор.
„ Во овој сектор српската влада има направено договори кои треба да почнат да се реализираат во 2013 година и каде очекуваме сериозен прилив на инвестиции“, рече директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Божидар Лаганин.
Странските инвеститори покажуваат голем интерес во автомобилската индустрија, каде што тие во Србија предвидуваат добри резултати, потоа во електронската индустрија, информатичката и комуникациската технологија , додаде Лаганин.
Според него, српската влада најави и проджба на друг имот што нема практична вредност и е вишок, а сепак има пазарен потенцијал како на пример, хотелите и угостителството.
„Со овие планови и голем број проекти и интереси мислам дека овој резултат од 2,5 милијарди евра, може да се постигне во 2013 година“, изјави Лаганин.
Тој за 2012 година очекува околу една милијарда евра странски директни инвестиции во Србија за што вели и дека не е лош резултат ако се земе во предвиде дека станувало збор за година на изборите.
Во 2011 година, Србија имаше далеку највисок резултат постигнат во регионот, со 2,2 милијарди нето прилив во кој се вклучени и белгиските трансакции на Делез кој го купи српскиот малопродажен ланец Делта Макси, во вредност од околу 930 милиони евра.
За поголеми инвестиции вели Лаганин, Србија мора да воведе висока технологија во локалната економија, за што требаат образовани и квалификувани работници кои лесно ќе се прилагодат на потребите на стопанството.
Слично
