Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лафонтен: Еврото води кон пропаст

Лафонтен: Еврото води кон пропаст
Оскар Лафонтен, побара откажување од „катастрофалната" заедничка валута за да се овозможи опоравување на јужна Европа, предупредувајќи дека актуелниот курс „води во пропаст". Германскиот министер за финансии кој го лансираше еврото, смета дека економската ситуација се влошува од месец во месец, а невработеноста достигнала ниво кое сè повеќе ги доведува под сомнение демократските структури. -Германците сè уште не сватиле дека јужна Европа, вклучувајќи ја и Франција, заради економската криза во која моментно се наоѓа, порано или подоцна, ќе биде принудена да и се спротивстави на германската хегемонија", рече Лафонтен, припишувајќи ја кризата во голем дел на германското намалување на платите во полза на зголемувањето на уделот во извозот. Лафонтен на сајтот на германската левица  изјави дека канцеларката Ангела Меркел ќе се разбуди од својот „препотентен сон", кога ќе се здружат европските земји во невоља за да изнудат промени во политиката на решавање на кризата, на штета на Германија. -Надежите дека создавањето на еврото ќе поттикне рационално однесување на националните економии беа залудни", рече Лафонтен, при тоа додавајќи дека политиката на принуда на Шпанија, Португалија и Грција да спроведат интерна девалвација била „катастрофална". Неговите предвидувања ги потврди францускиот министер за финансии Пјер Московици, кој во неделата обелодени крај на примената на строгите мерки за штедење. -Готово е со мерките на штедење. Ова е клучен момент во историјата н ЕУ по воведувањето на еврото. Сведоци сме на крајот на догмата на мерките за штедење. Ова е победа на францускиот став", рече Московици на француската телевизија.  
Слично

Поврзани вести