Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ладни радијатори, жешки сметки! Исклучените од системот за  парно спремаат нова жалба!

Ладни радијатори, жешки сметки! Исклучените од системот за  парно спремаат нова жалба!
Стотина револтирани граѓани кои иако исклучени  од системот за парно со години плаќаат услуга која не ја користат повторно   протестираат пред Регулаторната комисија за енергетика. Услугата од поранешна Топлификација ја откажале бидејки не биле задоволни од топлината која ја добиваат , а и цената велат била превисока. Тие деновиве се организираат за поднесување на групна жалба поради злоупотреба на нивните лични податоци со кои располага енергетската компанија и ги користи за повеќекратно да ги тужи исклучените. Неодамна и Управниот суд донесе одлука за злоупотреба на податоците на исклучените граѓани со која се потврдува дека БЕГ и Топлификација АД Скопје не смееле да прибираат лични податоци за граѓаните - сопственици на станови кои никогаш не се приклучиле на системот на парно греење. “Управниот суд донесе пресуда  за злоупотребата на лични податоци на исклучените бидејќи компанијата  БЕГ располага со лични податоци на исклучените кои Топлификација му ги предала. Тоа се лични податоци кои се заштитени со Законот за заштита на личните податоци. ЗАтоа меѓусебно се  информираме  кои документи се потребни да се достават за да исклучените се приклучат кон жалбата со повеќе жалители  која во текот на овој месец ќе се поднесе до Судот во Стразбур. Судот масовно пресудува исклучените од Топлификација да плаќаат огромни суми за ништо. Некои судии тоа го образложуваат со потребата да се воспостави ред  и тврдат дека било  многу лошо  што има исклучени и дека исклучените треба да се присилат на повторно приклучување. Ова се тажни моменти за судството во Македонија, затоа на секој  протест се зборува за судењата  кои се во тек. Сите исклучени кои се и второстепено осудени  ќе можат да се пријават и да се приклучат кон оваа жалба”- вели Ружица Попева. Таа е една од исклучените граѓани кои вели со години на својата адреса добиваат паушални сметки  за парно греење, а радијаторите во нивните домови одамна се ладни. Граѓаните се лути бидејќи  агонијата  не прекинува, па наместо за покривање на активните трошоци за комуналии и  на месечните трошоци за домаќинство,  тие плаќаат извршители  и заостанати долгови  иако се исклучени од системот. Здружението поднесе и барање за иницијатива за измени на Законот за енергетика. Платите и пензиите велат граѓаните ги користат за да ги вратат натрупаните долгови и извршителите. “Во 2009-та фирмата ги започна своите состаноци во Владата од каде побара да се вратат условите создадени со одлуката на Советот на град Скопје  и исклучените да се примораат да се вратат во системот. Тогаш надлежноста за регулирање на цените и правилата за дистрибуција на топлинска енергија се предадени на Регулаторната комисија за енергетика кја е државна институција управувана од Власта. Со новиот правилник се  озакони  грабежот на граѓаните. Правилникот сметаме дека е против уставен и ги крши законите”-нагласува Попева. Институциите досега не се одважија  и сеуште не одвоија време да ги чујат маките на граѓаните. Низ смеа велат разочараните граѓани, дека на нив институциите ќе се сетат пред изборите, но се прашуваат како ќе им го објаснат игнорантскиот однос ко со години ги прави слепи пред неправдата која им е нанесена на илјадници семејства. Првите  тужби  до надлежните судови на исклучените граѓани од системот за парно им биле одбиени, па правна разрешница не очекуваат во  домашните, туку пред  меѓународните судови. Денешниот протестен собир ќе го заокружат со читање на  „ Бомбата 46“, која како што велат  ќе обелодени уште една  срамна вистина за исклучување на училишта и факултети од системот за парно кои со  натрупани милионски долгови работат со загуби и блокирани сметки. “Во март 2010, Топлификација ги исклучи училиштата и  факултетите и  остави илјадници деца да мрзат и се разболуваат, тврдејќи дека „ ќе пропадне “ ако веднаш не и биде платено. Тој долг  на училиштата и факултетите се однесуваше на две сметки и изнесуваше 500 илјади евра. Истиот месец беше објавено дека Топлификација остварила профит од 483 илјади евра”-објаснуваат преку граѓанските бомби исклучените граѓани. С.Б.
Слично

Поврзани вести