Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ладни радијатори по дома, смрзнати студенти на факултет

Ладни радијатори по дома, смрзнати студенти на факултет
По најавите дека најголемиот македонски универзитетски комплекс, Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ е исклучен од системот за греење, надлежните најавуваат расчистување на проблемот. За студентите ќе има греење и се прават напори за надминување на проблемот до 15 октомври, вели министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој не сакаше да прецизира колкава сума побарале од „Балкан енерџи груп, “ компанијата што го презеде снабдувањето со топлинска енергија. „Минатата година се изврши промена на сопственоста на фирмите кои стопанисуваат со топлификациската мрежа, така што сега се прават некои корекции, односно потврдувања на долговите кои се однесуваат на новата компанија и кои биле од претходната компанија, и очекуваме овие ден-два да ги расчистиме  тие состојби, рече Ристовски, откако претходно деканите алармираа дека во петокот добиле опомена со  известување дека факултетите се исклучени од системот за греење. Засега сепак станува неизвесно дали наставата на државните универзитети ќе се одвива во студени простории и дали УКИМ ќе ги подмири сметките за парно греење. Преземањето на Топплификација од страна на „Балкан енерџи груп“, годинава го осетија и граѓаните кои се греат на парно. Радијаторите и вечерва се ладни, иако компанијата има обврска доколку е студено и пред почетокот на грејната сезона да почне да испорачува топлинска енергија. Од „Балкан Енерџи Груп“ не обелоденуваат кои се причините поради кои не почнуваат со греење во Скопје. Фактор од извори меѓу регулаторите дознава и дека за проблемот е запознат и лично премиерот Никола Груевски. За сега ниту од Регулаторната комисија за енергетика ниту од Владата објаснуваат дали можеби ќе посегнат и по правен лек, доколку и денеска Балкан Енерџи Груп не испорача парно греење до потрошувачите во Скопје.
Слично

Поврзани вести