Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лабина Митевска: Односот на Столе Попов е недоличен и неправеден

Лабина Митевска: Односот на Столе Попов е недоличен и неправеден
Директорката на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ преку писмено соопштение до медиумите реагира на утринскиот инцидент на пресконференцијата за филмот „До балчак“, на која режисерот Столе Попов го нарече отворањето на овој фестивал „селска манифестација“. „Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Tоа се однесува oсобено на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит. Однесувањето на дел од филмската екипа на До балчак сметаме дека е недолично и неправедно кон нас. Не постои светски фестивал кој бил вака навредуван од гостите. Доколку имало какво било недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на лице место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите. Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме“, реагира Митевска. Режисерот Столе Попов предизвика нов скандал – „’Манаки’ е селска манифестација!“ Таа нагласува дека црвениот килим на „Браќа Манаки“ некому му се допаѓа, некому не, но организаторите се трудат да наликува на големите светски фестивали и „Браќа Манаки“ го прават по тој терк. „Навистина ми е жал ако црвениот килим и можноста да го претстави своето уметничко дело некој овој пат го искористи за лична промоција. Фестивалската програма е така конципирана што секоја година го ставаме фокусот на една ѕвезда. На отворањето ја имавме Жулиет Бинош и двајцата Оскаровци-добитници на „Златна камера 300“. Вториот фестивалски ден беше насочен кон филмот До балчак. И во двата случаи се вложивме со сите расположливи капацитети и можности“, потенцира директорката на фестивалот. Сите недоразбирања ги оставаме зад нас, она што е сега важно дека имаме еден мошне интересен филм, од добар автор, ние секогаш ќе ги поддржуваме квалитетните уметнички дела, затоа сме и тука.
Слично

Поврзани вести