КЗК ГИ ОБЈАВИ ОДЛУКИТЕ: Маркетите и снабдувачите со казни од десетина илјади евра за нефер трговски практики
Минатата година по подолго време на подготовки започна практичната примена на Законот за нефер трговски практики чија замислена цел, барем по она што беше деларативно изнесено пред јавноста, беше да ги стабилизира цените на продуктите во малопродажбата. Комисијата за заштита на конкуренцијата конечно на својата веб страна во посебно мени ги објави решенијата за казни пртив трговците и снабдувачите, но санкциите изнесуваат само по десетина илјади евра, што лесно сoздава сомнеж за ефектот од примената.
Според она што е прикачено на страната на КЗК, први на 9 јуни лани биле казнети „Вива Фреш Сторе“ и „Кит-Го“ со по 9.000, односно 15.000 евра По десет дена бил глобен „Цермат“, битолскиот снабдувач на сладолед и замрзнат зеленчук, со 5.000 евра. На 4 јули е донесено решение од КЗК против „Рептил“ во висина од 10.000 евра.
На 5 септември казнет е „Веропулос“ со 14.500 евра, потоа на 16 октомври следувала санкција за „Тинекс МТ“ од 10..000 евра, а за крај на годината 2025-та на 5 декември е днесена одлука против „Рамстор“ да плати максимални 20.000 евра, што е највисоката прикажана глоба. Управителите на сите овие друштва биле посебно казнети со по 350 евра. Треба и да се каже дека секој од нив има прави на жалба, со што исходот треба да се земе со доза на резерва.
Комисијата со Законот за забрана на нефер трговски практики доби дозвола да се екипира и да врши проверки на сите договори помеѓу производителите, добавувачите и трговците. Во случаи на неправилности, максималните казни сепак се 20 илјади евра. Со овој закон се опфатени 2.546 производи според нивниот тарифен број, а идентификувани се 26 видови на нефер трговски практики. Рабатот е ограничен на максимум 10 отсто во текот на годината. Законот,е во согласност со директивите на ЕУ, но заменик министерот за економија Марјан Ристески пред извесно време призна дека казните во однос на приходите кои ги генерираат големите играчи на пазарот се мали - Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20 000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку, ги охрабрувам компаниите од регионот, посебно за производство на храна, да пријавуваат законски прекршувања до КЗК, изјави Ристески, но тоа беше уште во октомври лани. Тој уште на почетокот на минатата година рече дека има оформени неколку десетици предмети од овој Зкаон, но засега како спроведени решенија од КЗК се објавени само овие. А.К.
