Економија, финансии, бизнис

Контакт

Квотата е 100.000 барели дневно, Русија го зголеми производството на нафта

Квотата е 100.000 барели дневно, Русија го зголеми производството на нафта

Русија го зголеми производството на нафта. 

Toa се зголеми на 11,07 милиони барели дневно од 1 до 10 февруари, од просечните 11 милиони барели дневно во јануари, oбјави агенцiјата „Ројтерс“, цитирајќи два извора запознаени со ситуацијата. Месечната квота на земјава за зголемување на производството на нафта во февруари е 100.000 барели дневно.  Русија го зголемува производството на нафта во тандем со членките на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници. 

Побарувачката на нафтата се зголемува во светот, и тоа доведе и до раст на цената деновиве. Претходно, имаше турбуленции поради неизвесноста за тоа што ќе се случува во Украина. 

Слично

Поврзани вести