Кворумот конечно е обезбеден, почна седницата за барањата на АМАН
Конечно почна седницата на која треба да се расправа по иницијативата на АМАН за враќање на дневната евтина тарифа на струјата и да се дозволи граѓаните кои не добиваат услуги за парно греење да плаќаат за тоа. По два часа, во кои собранието не можеше да обезбеди кворум за работа, сега седницата е почната.
Пред неколку дена Kомисијата за економски прашања го отфрли предлогот на АМАН со образложение дека доколку се врати дневната евтина тарифа, со тоа ќе се оптоварат електраните, дополнително, тоа ќе придонесе до зголемување на увозот на скапа струја, а со самото тоа ќе има и поскапување на електричната енергија. На комисиската расправа во прво читање, пратениците од албанска националност, ја поддржале иницијативата, додека останатите гласале против. Заменик-министерот за економија Христијан Делев, на седницата на комисијата, објасни дека Македонија е потписничка на Договорот за енергетска заедница и не може да преземе еднострани чекори оти во него е одреден начинот на наплата на струјата на заедничкиот европски пазар.
Се очекува пратениците на албанските партии во парламентот да го прифатат барањето на АМАН, а неизвесно е како ќе гласаат пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Македонска опозиција нема во собранието. АМАН веќе најави дека доколку предлогот денеска не мине, можно е да се собираат потписи за реферндум, на кој граѓаните непосредно би одлучувале за измената на законите со кои ќе се овозможи поевтини енергенси.
Слично
