Економија, финансии, бизнис

Контакт

Квалитетните работници пресудни: Која е Таб Мак компанијата што ќе искешира 25 милиони евра во државата

Квалитетните работници пресудни: Која е Таб Мак компанијата што ќе искешира 25 милиони евра во државата

Дваесет и пет милиони евра ќе влезат во државата преку вложувањата на компанијата ТАБ МАК која видела квалитет во македонските работници.  Досега оваа компанија има инвестирано безмалку 20 милиони евра а очекуваат годишниот приход да се искачи на над 100 милиони.

Компанијата ТАБ д.д. е основана во 1965 година како подружница на фирмата Рудник Межица Холдинг во област каде што се занимаваат со олово преку 350 години а во првите 15 години фирмата била лиценциран партнер на Тудор од Шведска.

Фабриката Злетово во Македонија почнува со работа во 1976 година а во 2001 веќе се соочува со ликвидација, за истата година да биде рестартирана од нов македонски сопственик и со ново име САП.

Според официјалните податоци на сајтот на компанијата ТАБ МАК тогаш доминантен сопственик е словенечката компанија Весна (Vesna) којашто влегува во компанијата САП (SAP) со тоа новото име на компанијата е Весна САП (Vesna SAP).

По четири години стартува ново одделение за рециклажа на отпад од акумулатори а во 2009 македонскиот сопственик повторно го презема доминантното учество. Во 2012 год. ТАБ д.д. купува 85% од Весна САП, а истата година компанијата добива и ново име ТАБ МАК д.о.о. и почнува нова ера за производство на акумулатори во Пробиштип.

Денес беше обелоденото дека таа компанија во Македонија пушта нова инвестиција од 25 милиони евра.

Од производството на акумултори во Пробиштип досега имале промет од 66 милиони евра а со новата инвестиција очекуваат тој да го зголемат над 100 милиони евра.

Според зборовите на Анѓушев Таб Мак ќе донесе нова технологија во државата која ќе се имплементира во источниот регион каде што миграцијата е поизразена и истата се очекува да ги задржи младите и ќе биде поттик да продолжат тие да работат дома.

Управителот на Таб Мак, Игор Липовник пак посочи дека очекуваат производството од 1,2 милиони акумулатори, кои се вградуваат во Volkswagen, Citroen и Renault, да се искачи на над 3 милиони произведени акумулатори а производството на батерии за вилушкари, од 350 илјади парчиња, да се искачи на над 1 милион произведени парчиња.

Слично

Поврзани вести